ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Коцевски ќе биде чело на Обвинителството најмалку уште два месеца

Коцевски ќе биде чело на Обвинителството најмалку уште два месеца

Поради трагедијата во Кочани стагнираат процедурите за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, кој доби остри критики од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски. Причината, според извршната власт, е чувствителната ситуација, поради што му е оставен простор да ја заврши истрагата која ја води со тим од обвинители. Според најавите, ваквата состојба ќе продолжи уште неколку месеци.

Advertisements

Во меѓувреме, опозициските партии СДСМ и ДУИ се жалат дека Обвинителството спроведува селективна истрага и истовремено обвинуваат дека Мицкоски го сменил ставот за Коцевски со цел да ја заштити власта од вклучување во истрагата.

Иако овој став постојано се артикулира од страна на опозицијата, премиерот Мицкоски во едно обраќање ги потсети СДСМ и ДУИ дека истрагата ја води обвинителот Коцевски, токму оној што тие самите го избраа во Собранието.

Во меѓувреме, трагедијата во Кочани го остави во неизвесност и прашањето со вишиот обвинител Мустафа Хајрулахи, кој беше суспендиран откако Коцевски иницираше дисциплинска постапка. Поради ова, Хајрулахи поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена должност против Коцевски и неколку други службеници.

Паузиран е и процесот во Судскиот совет, откако парламентарното мнозинство во Собранието изгласа интерпелација за пет члена на Судскиот совет, бидејќи според нив ја загубиле кредибилноста. Премиерот пред трагедијата, најави дека доколку членовите не поднесат оставки, ќе се одржат протести, во кои лично ќе учествува. Исто така, нема развој ниту за најавите на власта за реформи во Советот на јавни обвинители, за кој беше најавено разрешување на членовите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button