
Голден Стејт Вориорс го совлада Мемфис Гризлис во интересен натпревар од плеј-ин фазата во НБА лигата. Некогашниот шампион славеше со резултат 121-116 (31-25, 36-30, 27-36, 27-25). Ова беше ноќта во која блеснаа Стеф Кари и Џими Батлер , кои искомбинираа 75 поени и практично им овозможија на Вориорси дуел со Хјустон Рокетс. Поефикасен беше Батлер со 38 поени, а Стеф Кари постигна само еден помалку (37)
Орландо Меџик убедливо победи против Атланта Хоукс со резултат 120-95 и закажа плеј-оф дуели со Бостон Селтикс. Атланта ќе мора да го чека победникот од дуелот меѓу Чикаго и Мајами за да има шанса да се пласира во плеј-офот со победа на тој меч.
Најдобар поединец кај победничкиот тим беше Кол Ентони со 26 поени, додека за Атланта се истакна Јанг со 28 поени.