ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Предлог за притвор за двајца осомничени за примање поткуп за болничко згрижување на лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донел наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за кривично дело примање поткуп од член 357 став 5 во врска со став 2 од Кривичниот законик, а другото за помагање при извршување на тоа кривично дело.
Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопштија дека првоосомничениот, како службено лице – директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, во периодот од 19.03.2025 до 08.04.2025 година, во неколку прилики директно побарал значителна имотна корист за себе за да изврши службено дејствие што би морал да го изврши.