ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По локалните избори, владата може да се реконструира

По локалните избори, владата може да се реконструира

По изборите, парламентарното мнозинство може да се одлучи за реконструкција на владата. Неофицијално се дознава дека коалициските партнери размислувале некои функционери од извршната власт да се префрлат на локалната власт, што го обврзува премиерот да го освежи кабинетот.

Advertisements

Прв кој може да ја напушти Владата е Златко Перински како најспоменуван кандидат за Град Скопје, со што министерството за локална самоуправа станува дел од евентуалната меѓукоалициска размена на ресори. Второто име кое би можело да ја напушти централната власт е заменик-министерот за енергетика Мирослав Лабудовиќ. Тој, неофицијално, се смета за Општина Центар, како дел од партијата „Знам“ на Максим Димитриевски. Димитриевски побара соработка од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Куманово, но се чини дека партијата на Христијан Мицкоски ја разгледува можноста да се натпреварува сама во Куманово, верувајќи во поддршката што ја има но и поради влијанието на претставниците од овој град што се застаепни во законодавната и извршната власт. Не е исклучено Локалната самоуправа да биде дел од трампата со Правда, поради лошите резултати, како што смета ВМРО-ДПМНЕ, на министерот Игор Филков, на кој како што неофицијално се дознава, на владина седница му било потенцирано дека треба да го реши прашањето на Судскиот совет и да не ја одложува реформата односно да ја држи статус кво.
Планот за реконструкција на владата може дополнително да се прошири и на пониските ешалони. ВМРО-ДПМНЕ планира да ја освежи застапеноста во редовите на замениците министри и директори, а во моментов ВРЕДИ не ја поддржува ваквата идеја. Мозаикот на извршната власт може да се промени и со евентуално проширување на парламентарното мнозинство по локалните избори.
АЛСАТ

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button