ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тројца загинати и осуммина повредени во сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

Тројца загинати и осуммина повредени во сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

Сообраќајката се случила меѓу Кичево и селото Трапчин Дол, во непосредна близина на „Сеферов Бунар“

Advertisements

Три лица се загинати, а осум се повредени во сообраќајна несреќа што вечерва во 20:55 часот се случила меѓу три возила на патот Кичево – Гостивар, информираат за „360 степени“ од Секторот за внатрешни работи Охрид.

Повредените лица, додаваат од СВР Охрид, се пренесуваат во болницата во Кичево и во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

„Вечерва во 20:55 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека се случила сообраќајна незгода на патот Кичево-Гостивар, помеѓу Кичево и село Трапчин Дол во која учествувале три возила. Според првичните информации три лица починале како последица на добиените повреди, а осум лица се повредени и дел од нив се пренесуваат во болницата во Кичево, дел во Клинички центар ‘Мајка Тереза’ во Скопје“, додаваат од охридската полиција.

Претходно од Автомото сојузот на Македонија информираа дека поради несреќата сообраќајот на оваа патна делница е во прекин во двата правци за сите видови возила.

Сообраќајката се случила меѓу Кичево и селото Трапчин Дол, во непосредна близина на „Сеферов Бунар“.

Информации за тоа до кога патниот правец ќе биде затворен за сообраќај се очекуваат дополнително.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button