Тошковски: Голема неприлагодена брзина е причината за сообраќајката во која загинаа три лица
Тошковски: Голема неприлагодена брзина е причината за сообраќајката во која загинаа три лица

Големата брзина и неприлагоденоста кон условите на патот, беше причина за синоќешната трагична сообраќајка во Кичево, каде животот го загубија три лица, од кои две од Кичево, брачната двојка Хади и Беса Емини, кои зад себе оставија три деца и возачот на другиот автомобил за кој постои сомневање дека се движел со голема брзина, 64-годишниот З. Д. од Кичево, известуваат од Секторот за внатрешни работи Охрид.
„Синоќа на автопатот Кичево – Гостивар, на местото викано „ Сеферов бунар“, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил„ мерцедес“ со кичевски регистарски таблички управуван од 64-годишниот З.Д. од Битола, автомобил„ форд“ со кичевски регистарски ознаки управуван од 63-годишниот А.Р. од Кичево и автомобил „Опел “со кичевски регистарски таблички управуван од 38-годишниот Х.Е. од Гостивар. На местото на настанот починале возачите З.Д. и Н.Е., додека 38-годишната сопатничка Б.Е., од Гостивар починала на пат кон болницата во Кичево. Меѓу осумте сопатници кои беа сериозно повредени, имаше и три деца“, велат од СВР Охрид.
Обвинителството соопшти дека на местото на настанот е спроведена истрага и се преземаат сите мерки за расветлување на настанот. Министерот за внатрешни работи Тошкоски од Охрид рече дека бројот на фатални сообраќајки во земјава е алармантен. Тој предупреди на заострување на безбедносните мерки.
„Според првите информации што ги добив, станува збор за возење со голема брзина наспроти условите на патот од страна на еден од учесниците во несреќата кој за жал почина. Бројот на сообраќајни незгоди годинава во првиот квартал е приближно ист како и ланскиот, но морам да кажам дека овие бројки се катастрофални во споредба со европските стандарди кои ги анализиравме и во иднина треба максимално да се фокусираме на смирување на сообраќајот од сите аспекти и спроведување на проектот Безбеден град кој започна првично во Скопје, Куманово и Тетово”, рече Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.
Повредените лица, иако некои со тешки повреди, според надлежните од болниците во Кичево и Скопје, каде се лекуваат, се надвор од животна опасност./Алсат.мк
Башким Сулејмани