Од ВЛЕН ја отфрлија секоја можност за соработка на локалните избори со АА на Таравари
Од ВЛЕН ја отфрлија секоја можност за соработка на локалните избори со АА на Таравари

За предавството Таравари не треба да одговара пред ВРЕДИ, туку пред граѓаните и 107.000 гласачи кои сакаа голема промена на политичката сцена во земјата. Ова го изјави Висар Ганиу од Влен, во интервјуто за Алсат. Тој истакна дека Таравари е свесен дека, сам,нема да добие ниту една општина, а заминувањето со вакво оправдување е само изговор за обединување со ДУИ.
„Луѓето често ме прашуваат дали ќе влијае ова предавството на г-дин Таравари, кој сега ве напушта под изговор дека ќе се кандидира сам на локалните избори, што не е точно бидејќи тој ги знае сите анкети дека тој самиот не може да се кандидира и не може да добие ниту една општина.
Ниту Гостивар и Врапчиште?
Ниедна, ви се колнам. Се одвои за да изнајде причина, да се искористи овој временски простор и потоа да се создаде простор за приклучување кон ДУИ. Но, повторно велам, тој не треба да му одговора на ВЛЕН за ова предавство, туку на граѓаните и на тие 107.000 гласови “, рече Висар Ганиу, ВЛЕН.
Ганиу изрази уверување дека пратеничката група на ВЛЕН ќе ги одвои патиштата од пратениците на АА, бидејќи во спротивно тоа би значело дека ДУИ е со една нога во Владата, што за коалицијата е неприфатливо.
“Убеден сум дека ќе бидат разделени, бидејќи пратениците на ВЛЕН не можат да соработуваат со пратениците кои мислат и се обидуваат, не кријат дека имаат соработка со ДУИ и ја отвораат вратата за во таа форма, со една нога, и ДУИ да биде во Владата. За нас, ова е неприфатливо и ние не толерираме такво нешто“, додаде Висар Ганиу, ВЛЕН.
Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, подвлече дека во сите општини со албанско мнозинство, Демократското движење, Беса, Алтернатива и Самоопределување, ќе се натпреваруваат со заеднички листи, истовремено откривајќи дека во некои општини ќе има и надпартиски кандидати./Алсат.мк