Велигден и продолжениот викенд го испразнија главниот град
Велигден и продолжениот викенд го испразнија главниот град

Додека нашите граѓани одлучија да го прослават долгиот викенд и празникот Велигден во странство, туристите се тие кои денес ја окупираа Старата скопска чаршија.
Според сопствениците на продавниците на Чаршијата, недостатокот на домашни посетители воопшто не се забележува поради зголемениот број странски туристи.
“Овие денови се забележува дека има многу посетители од Бугарија и Србија, додека нашите граѓани заминаа во Албанија и Грција. Имаме извезувано туристи и увезувано туристи. Не се забележува недостаток на посетители? Не, воопшто. Мислам дека има повеќе гости“, рече Продавач во дуќан на Чаршија.
Во Чаршијата се сретнавме со еден пар од Хрватска кој реши Велигден да го помине во Скопје.
”Ние сме од Хрватска, Опатија. Овде сум бил многу порано и мислам дека е добро место. Сакаме да го истражиме Балканот. Ни се допаѓаат луѓето, добри се и фини. И ние го славиме Велигден и решивме да го прославиме тука, малку за промена“, рече Посетители од Хрватска.
Покрај странците кои се одлучиле да го посетат Скопје, и Охрид за Велигден е полн со странски посетители.
Што се однесува до нашите граѓани, кои одморот решиле да го поминат во странство, на граничните премини со Грција и Србија, и денес имаше гужва. Според Авто-мото сојузот на Македонија, на Табановце кон Србија времето на чекање за влез и излез од државата е 20 до 30 минути, додека на граничните премини Дојран и Богородица кон Грција до 15 минути./Алсат.мк
Авни Тахири