ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Истрагата за Кочани ќе заврши наскоро, вели Тошковски

Истрагата за Кочани ќе заврши наскоро, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“ е при крај. Без да даде конкретен рок, рече дека за многу краток период истрагата ќе биде завршена.

Advertisements

„Во однос на истрагата што ја води Јавното обвинителство, сè што досега е преземено како дејство е споделено со јавноста, истрагата сè уште е во тек. Министерството за внатрешни работи постапува врз основа на упатствата што ги добива од Обвинителството и се надеваме дека за максимално краток временски период ќе ја завршиме истрагата со цел да го продолжиме остатокот од постапката”, рече Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Но, опозицијата продолжува да ја обвинува владата и обвинителството дека водат селективна истрага, штитејќи ги актуелните функционери од одговорност. СДСМ бара итно продолжување на истрагата против актуелните функционери кои биле директно одговорни ноќта на трагедијата.

„Додека се трага по службеници од пред десет години, началниците и другите полициски службеници кои таа ноќ имале директна обврска да дејствуваат остануваат недопрени. Власта сака јавноста да заборави дека полицијата била таму и не презела ништо. Покрај тоа, со овој пристап, самиот правен процес станува товар и за обвинителството и за судството“, велат од СДСМ.

И ДУИ со обвинувања за селективна правда.

„Наместо истрагата да се води по стандарди на правда, обвинителството ја насочува кон популизам и спасување на Владата. Целиот академски и правен свет се изјасни: овој пристап е неуставен, спротивен на правната практика и длабоко непрофесионален. Ова не произлегува од науката за правото, туку од политичкиот договор со извршната власт“, велат од ДУИ.

Во истрагата за трагедијата во Кочани досега беа опфатени над 60 физички и три правни лица, меѓу кои сопственикот на дискотеката, поранешни градоначалници и актуелни градоначалници на општина Кочани, поранешни министри за економија, како и поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат и Дирекцијата за заштита и спасување. Истрагата се уште е во тек и ја води тим од 13 обвинители. Досега се спроведени голем број рации, сослушани се голем број сведоци и, според информациите, собрани се над илјада материјални докази./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button