ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Охрид и Струга, полни со туристи

Охрид и Струга, полни со туристи

Продолжениот празничен викенд за Велигден и убавото време ги наполни Охрид и Струга. Ниту високите цени по рестораните и кафулињата не ги предомислија туристите а угостителите деновиве тријат раце. Најбројни се гостите од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Албанија. Но има организирани групи и индивидуални туристи од европските држави и далечниот Исток..

Advertisements

„Најљубопитни се европските туристи,особено оние кои доаѓаат од скандинавските држави, бидејки тие веќе прочитале за историјата, знаат каде се наоѓаат и Охрид е многу интересен и атрактивен посебно стариот дел на градот. Никој си нема заминато одовде без добри впечатоци“, рече Тања Скепароска-туристички водич .

Приватното сместување е во најголем дел исполнето, додека хотелските капацитети од 50 до 70%. Сепак од туристичкиот сектор се во неизвесност каква сезона ги очекува, поради најавените откажувања на некои од европските тур оператори

„Гледаме дека Охрид е добро исполнет, дека има нон стоп прилив на странски туристи, но меѓутоа не знаеме што ќе биде со сезоната, односно со тие странски туристи, кои доаѓаа организирано со чартер летови, многу години наназад. Дали ќе има некакво влијание овие откажувања или не, дали бројките ќе се истите од минатите години или слични, се уште неможеме да кажеме, бидејки имаме најави за откажувања“, рече Јаким Маленко- сопственик на туриситчка агенција.

Охрид и Струга се очекува да бидат солидно исполнети и за престојните првомајски празници./Алсат.мк

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button