Пациентите од Кочани кои здобиле изгореници треба во наредниот период да бидат особено внимателни – да не се изложуваат на сонце, да не користат креми со алкохол и парфеми
Пациентите од Кочани кои здобиле изгореници треба во наредниот период да бидат особено внимателни – да не се изложуваат на сонце, да не користат креми со алкохол и парфеми

Лекарите апелираат на зголемена внимателност кај пациентите кои се здобиле со изгореници од трагедијата во Кочани – да не користат креми и преврски купени преку интернет, бидејќи тоа може дополнително да ги оштети раните, и за сè да се консултираат со лекар. Исто така, велат дека во првата година треба максимално да избегнуваат изложување на сонце, а кога веќе мораат да излезат, да користат креми со заштитни фактори и да бидат облечени така што телото да не биде изложено на сончевите зраци.
За секоја промена на кожата која може да се појави кај пациентите во наредниот период, лекарите апелираат пациентите редовно да одат на прегледи, бидејќи ризикот од инфекции е висок.
Лекарите исто така апелираат пациентите да имаат трпение, бидејќи закрепнувањето од изгорениците нема да биде краткотраен процес./Алсат.мк
Линда Ебиби