Куманово речиси целосно ги замени азбестните покриви, предизвик останува старата водоводна мрежа
Куманово речиси целосно ги замени азбестните покриви, предизвик останува старата водоводна мрежа

Речиси и да нема училиште во Куманово, каде што не се заменети азбестните покриви, соопштија денеска надлежните од секторот за образование од општина Куманово.
Од вкупно 49 објекти на основните и средните училишта, само во шест помошни објекти има сè уште азбестни покриви. Водоводната мрежа изградена во педесетите години од претходнито век е со азбестни цевки, соопштија надлежните од ЈП „Водовод“.
Станува збор за водоводните мрежи коишто поминуваат низ булеварите, сообраќајниците. Секундарните мрежи, приклучоците до потрошувачите, се од ПВЦ. Замената на азбестните цевки во овој момент велат е невозможна, бидејќи зафатот би бил прескап.
-Како објаснување само замена на три километри водоводна мрежа преку проект од далечната 2002 година н чинеше преку четири милиони евра. Потребни се три до четири општински буџети за целосна замена на азбестните цевки. Замената е невозможно да се реализира без поддршка од централни власти или проекти, изјави директорот на ЈП „Водовод“, Оливер Стојмановски.
Слична е состојбата и во останатите градови од државата. Од кумановски „Водовод“ велат дека како членка на здружението на даватели на комунални услуги постојано комуницираат со претпријатија од градовите од државата и состојбата некаде е дури и понеповолна од Куманово. Општината делумно го решава проблемот со одвојување на средства за замена на мрежата во одредени подрачја, при санација на мрежата.
Употребата на производи со кој било тип на азбест е целосно забранета во земјите од Европската Унија од 2005 година.