ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пратеничката група ВРЕДИ сè уште нема одлука за поделба

Пратеничката група ВРЕДИ сè уште нема одлука за поделба

Пратеничката група ВРЕДИ сè уште НЕ одлучила како ќе продолжи нивниот настап во во Собранието, сега кога АА одлучи да се раздели од коалицијата. Извори од пратеничката група велат дека се уште не е донесена одлука по ова прашање.

Advertisements

Евентуалното одвојување на петте пратеници кои според шефот на АА Арбен Таравари се на негова страна, од останатите девет пратеници од коалицијата, може да значи и поместување на позициите на шефовите на собраниските комисии и членовите на овие комисии. Поделбата на комисиите со кои претседаваат пратениците се врши со договор помеѓу координаторите на пратеничките групи и на предлог на претседателот на Собранието Африм Гаши. Во моментов, пратениците на ВРЕДИ ја предводат Комисијата за дигитализација и транспорт со која претседава Беким Ќоку и Комисијата за култура и туризам, со која претседава Саранда Имери Стафаи.

Создавањето на посебна парламентарна група од страна на петте пратеници на АА на Таравари, исто така, може да значи барање од нивна страна да раководат со една од парламентарните комисии.
Сепак, досега ниту една страна од парламентарната група не признава дека е дискутирано за овие прашања, ниту во рамките на групата, ниту во партиите од кои доаѓаат. Висар Ганиу од ВРЕДИ, пред неколку дена за Алсат рече дека веќе нема смисла парламентарната група да продолжи по старо.

Парламентарната група на коалицијата ВРЕДИ моментно ја сочинуваат 14 пратеници. Пет пратеници се од Алијансата за Албанците, тројца од Демократското движење и Алтернатива, двајца од Движењето БЕСА и еден независен пратеник, односно Беким Ќоку./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button