ВЕСТИРЕГИОН

Вучиќ потврди дека ќе оди на парадата во Москва на 9 мај

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во телевизиско гостување изјави дека не го променил ставот и покрај притисокот и дека на 9 мај ќе оди во Москва на парадата по повод 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна.

„Отсекогаш сум имал отворен, искрен и срдечен однос со претседателот (Владимир) Путин, кој не е секогаш лесен и едноставен, бидејќи не секогаш се согласуваме, но си веруваме еден на друг кога ќе кажеме нешто“, рече Вучиќ за телевизјата Пинк, пренесе регионалниот сервис на РСЕ.

Advertisements

Во Москва, како што кажа, најверојатно ќе оди сам и „ќе ги прими сите удари и однадвор и од внатре“ поради ваквиот негов потег.

„Веројатно ќе одам сам затоа што не сакам владата на Ѓуро Мацут да ја плати цената, сакам тој да има можност да работи со Европската Унија и никој да не може ништо да му каже. Тешко дека војската на Србија ќе оди, бидејќи би била предмет на разни удари и санкции“, рече Вучиќ.

Тој изјави дека во Москва со рускиот претседател Владимир Путин ќе разговара за новиот гасен аранжман и решението за компанијата Нафтна индустрија Србија (НИС), која се најде под санкции од САД поради мнозинска руска сопственост.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button