ВЕСТИРЕГИОН

Тензично во Сараево, специјалци во полна опрема пред зградата на Владата, полицијата го контролира секој минувач

Специјалните сили на МВР на Република Српска се во полна опрема пред Административниот центар на Владата на во источно Сараево, а полицијата го проверува секој минувач, јавува репортерот на Аваз.

Advertisements

Ситуацијата на ова подрачје од синоќа е тензична со оглед на тоа што вчера на оваа локација пристигна Милорад Додик, претседателот на Република Српска (РС) и следуваше обид са негово приведување од страна на Државната агенција за истраги и заштита СИПА, но беше спречен од МВР на Република Српска и антитерористичката единица (САЈ).

Службениците со долги цевки го обезбедуваат местото, а на медиумските екипи им е забрането да се приближуваат до оваа зграда.

Нема сигурни информации дали Додик сѐ уште е во зградата или е евакуиран со некое од неколкуте возила кои утрово излегоа од гаражата.

СИПА постапуваше по претходна наредба на судот на Босна и Херцеговина, кој го обвини Додик, како и претседателот на Собранието на РС, Ненад Стевандиќ, за „напад на уставниот поредок на БиХ“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button