ВЕСТИСВЕТ

Течат подготовките за погребот на папата Франциск во сабота

Претставници на мигранти, бездомници и затвореници, на кои аргентинскиот понтиф им посвети голем дел од својата црковна кариера, ќе бидат присутни и на погребот на папата Франциск во сабота наутро во Ватикан.

Advertisements

Непосредно пред Велигден, сепак, „папата на сиромашните“ дал наредба да донира 200.000 евра од неговата лична сметка како понтиф за поддршка на младите затворени во малолетничките затвори во Рим. Папата навел особено да го поддржат малиот центар за производство на тестенини што успеаја да го создадат.

Во меѓувреме, низ целата област околу Ватикан продолжуваат да се поставуваат огромни екрани за оние верници кои не можат да најдат место на плоштадот Свети Петар, да можат да ја гледаат погребната служба за папата Франциск.

Паралелно со несмалено темпо продолжува поклонението на верниците во базиликата Свети Петар. До овој момент, се проценува дека околу 20.000 луѓе влегле во храмот и портите на храмот, со оглед на масовната излезност, ќе останат отворени и по полноќ.

Папата одлучи да биде погребан во црквата Санта Марија Маџоре во Рим. За време на неговите 12 години како папа, тој често ја посетувал црквата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button