СВЕТ
Марко Рубио ги демантира наводите за можно укинување на санкциите против Русија

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска ги демантираше наводите на бриселската веб-страница Политико за наводни внатрешни дискусии во Белата куќа за можно укинување на санкциите за руските енергетски проекти, вклучително и гасоводот Северен тек 2.
„Ова е недвосмислено лажно. Ниту Стив Виткоф, ниту јас не разговаравме за укинување на санкциите кон Русија како дел од договорот со Украина“, напиша тој на својот профил на мрежата X. Тој оцени дека станува збор за „новинарска злоупотреба“.
„Ако Политико има некаков интегритет, целосно ќе ја повлече оваа фикција“, изјави тој.