ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ако јавниот обвинител одлучи дека треба мене да ме приведат, нека ме приведат

Истрагата за Кочани ја води јавниот обвинител, не јас или Владата. Ако јавниот обвинител одлучи дека мене треба да ме приведат, нека ме приведат – рече премиерот Христијан Мицкоски во дел од одговорот на пратеничкото прашање од пратеникот Митко Трајчулески од СДСМ на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

Трајчулески обвини дека истрагата за трагедијата во Кочани се води селективно и праша дали нејзиното свесно разводнување има за цел да се заштитат актуелни функционери кои се директно виновни за непосредните причини за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, а со тоа и за смртта на 62 лица.

Advertisements

Во одговорот до Трајчулески, премиерот рече дека во моментов во истрагата за трагедијата во Кочани се опфатени 68 лица, меѓу кои и актуелни функционери што оцени дека во време на СДСМ било невозможна мисија. Дали бројката на опфатени во истрагата ќе остане на 68 или ќе се зголеми, како што рече, ќе каже Обвинителството.

„Нека ви кажат сопартијците за модуларната болница, за Ласкарци и за ‘Беса транс’ колку беа опфатени со истрага и колку кривични пријави беа поднесени во тој момент. Ако не ви кажат, набргу ќе има расправа во Собранието и ќе слушнете од другите колеги пратеници. Истрагата за Кочани ја води јавниот обвинител, не јас, не Владата. Ако јавниот обвинител одлучи дека мене треба да ме приведат, нека ме приведат. Седум години нè затворавте, нè приведувавте и до ден денес ВМРО-ДПМНЕ е под прогон на обвинители од времето кога СДСМ ги бираше“, рече Мицкоски во одоговорот на пратеничкото прашање.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button