МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Битиќи да каже кои се тие класифицирани информации што му се украдени

Кои се тие класифицирани информации што му се украдени и како се нашле во негов посед – е прашањето што владејачката ВМРО-ДПМНЕ го упати денеска до пратеникот од СДСМ Фатмир Битиќи откако пред неколку дена имаше информација дека крадци упаднале во неговиот дом.

Advertisements

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција побара одговор и за тоа дали станува збор за највисоки државни тајни и како и зошто истиот тој ги чувал во својот дом.

„Фатмир Битиќи во изјава за медиуми во врска со грабежот во неговиот дом кажа дека му е одземена папка со класифицирани документи. Државните функционери немаат право да ги изнесуваат државните тајни и класифицирани документи од институциите во кои тие се наоѓаат и каде се заштитени“, рече Манасиевски.

Тој побара од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и од пратеникот Битиќи да ги известат органите за каков вид на документи станува збор.

Манасиевски го повика Јавното обвинителство да поведе постапка против Битиќи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button