ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски: ОАЕ ги укинува визите за македонските граѓани

Обединетите Арапски Емирати ги укинуваат визите за граѓаните на Македонија, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук-профил.
„Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја! Наскоро со конкретната примена на одлуката за безвизното патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното партнерство. Се бориме на секој можен начин да се помогне на нашите граѓани, и со секој ден да се носат промени за заедничката иднина. Нека е честито“, напиша Мицкоски.