МАКЕДОНИЈА

ДКСК: Како институција остануваме транспаренти и отворени за јавноста и за соработка со надлежните органи

Државната комисија за спречување на корупцијата информира дека во рамки на своите надлежности, продолжува да функционира редовно во согласност со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Advertisements

– Како институција остануваме транспаренти и отворени за јавноста и за соработка со надлежните органи, се вели во соопштението до медиумите од Антикорупција, во врска со актуелните случувања.

Актуелната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, која е осомничена за оддавање службена тајна во случајот “Адитив“ не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на Антикорупциска, а воедно не може да гласа и да распределува предмети.

Димитровска, вчера беше изведена пред Судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје, кој одлучувајќи по предлогот на Обвинителство, и определи мерки за претпазливост и забрана за преземање на одредени работни активности, откако претходно Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја прошири истрагата за уште три лица во рамки на предметот „Адитив“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button