После доцнење од месец, вработените во трудовиот инспекторст добија плата
После доцнење од месец, вработените во трудовиот инспекторст добија плата

Доцнењето на платата во трудовиот инспекторат лежи во системски проблем во компјутерскиот софтвер, како што вели првиот човек на Независниот синдикат на Државна Администрација Горан Ристевски. Тој додава дека со краткиот временски пероиод и новите закони институциите не биле во можност навремено ја реализираат платата.
„До сега се книжеа рачно за да помине платата за да не касни а каснеше. Е сега со новиот програм ќе се вметнат вработените во трудова и пазарна инспекција и нема да има застој. Тука имаме додаток на плата за 30 проценти, нивниот претходен систем за правење на плати на министерството за Економија и труд во поново немало таков додаток на пример и сега за да се вметне тој додаток 30 проценти како овластени службеници во системот не го прифаќа како таков и затоа каснеа платите наназад“, рече Горан Ристевски претседател на Независен Синдикат на Државна Администрација .
Иван Пешевски пак од ССМ вели дека кога се корегира минималната плата системот застанува но, овој пат работодавачите биле навремено известени за пресметките и доколку тие сакаат да ја исплатат платата на време не може да окривуваат одредена истутуција.
„Видете, во месец март обично кога се корегира минималната плата навистина застанува системот,ама не тоа дека е стар систем туку има подоцна известување од управата за јавни приходи, каде што работодавачите треба да си ги усогласат пресметките, но овој пат си беше објавено се на време и доколку некој сака да ја исплати платата на време, не може да окривува дека некоја институција има застарен систем или не„, рече Иван Пешевски – ССМ.
Во меѓувреме денес по доцнењето на едем месец плата на вработените во трудов инспекторат тие ја добија платата.
Вчера министерот за Економија и труд Бесар Дурмиши рече дека проблемот за доцнењето на платите бил поради претходниот систем за пресметката на платата, кој што според властите бил стар. Тој рече дека требало да се сменат податоците на голем број вработени за да биде новиот систем ставен во функција за да се пуштат платите./Алсат.мк
Ангел Димовски