ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Народниот правобранител изразува загриженост што младите кои се во казнено-поправните установи се изоставени од образовниот процес

Народниот правобранител изразува загриженост што младите кои се во казнено-поправните установи се изоставени од образовниот процес

Народниот правобранител алармира дека адолесцентите кои се во воспитно-
поправниот дом веќе 3 години не го следат воспитно-образовниот процес.
Насер Зибери вели дека со неoвозможувањето на овој процес, државата
сериозно го крши правото на децата, и како резултат на неизвршување на
овие обврски за превоспитување и рехабилитација, често се случува овие луѓе
да се вратат како повторни прекршители и често тоа се случува во фазата на
зрелоста.
Повторувачи на кривични дела

Advertisements

„Веќе 3 години по ред ниту машки ниту женски малолетници не го
следат воспитно-образовниот процес, додека законот ја обврзува државата
дека оние деца кои го прекршуваат законот и се инструирани со судски одлуки
да одат на превоспитување треба да следат воспитно-образовен процес. На
крајот на учебната година, исто како и децата во редовниот воспитно-
образовен процес, да им се обезбедат соодветни свидителства и уверенија и по
завршувањето на мерката изречена од судот за превоспитување и
усовршување, да се вратат во општеството како и сите други млади луѓе“, рече Насер Зибери, Народен правобранител.

Од Управата за извршување на санкциите велат дека е направена анализа на
состојбата со степенот на образование на лицата кои се затекнати во
казнените установи и побарале Министерството за образование да почне со
воспитно-образовниот процес во овие установи.

„Со цел утврдување на фактичката состојба, Управата за извршување на
санкциите направи анализа на состојбата на образованието на лицата во
казнено-поправните установи. По изготвување на анализата, доставено е
барање до Министерството за образование и наука за отпочнување на
воспитно-образовниот процес во учебната 2025/2026 година, како во казнено-
поправните, така и во воспитно-поправните установи“, велат од Управата за извршување на санкциите.

Од Министерството за образование и наука велат дека се подготвува и
наставната програма и наставниот план според кој ќе се реализира наставата.
Основното училиште „Антон Семјоновиќ Макаренко“ во Скопје од септември
годинава ќе го организира воспитно-образовниот процес во овие установи./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button