СПОРТФУДБАЛ

“Секој бод во моментов е важен за нас, ги сакаме трите бода против Шкупи”

Тетовска Шкендија има пред себе нов сериозен предизвик во Првата македонска лига и ја очекува дуел со Шкупи на домашен терен. Избраниците на тренерот Јетон Беќири се лидери во прволигашката конкуренција и очекуваат нови три бода во трката за шампионскат титула, нешто со што се согласува и искусниот дефанзивец Клисман Цаке.

Advertisements

„Секој бод во моментов е важен за нас. Тимот дефинитивно е подготвен, бидејќи иако бевме уморни во средата на натпреварот од Купот, повторно се одморивме и сме подготвени за утрешниот натпревар каде што дефинитивно ни се потребни бодовите.

Работевме цела година за да стигнеме до тука и да ги имаме последните одлучувачки натпревари во наши раце. Секако, подготвени сме и физички и психички за освојување на целиот плен“, изјави Цаке.

Шкендија ќе го дочека Шкупи на „Еколог“ арената во Тетово. Натпреварот започнува во 16:00 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button