ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сезоната на алергиите го зголемија бројот на пациенти кај лекарите

Сезоната на алергиите го зголемија бројот на пациенти кај лекарите

Сезоната на алергии е во полн ек. Симптомите како кивање, кашлање и чешање на очите, носот и грлото, во овој период од годината ги искусуваат се поголем број на луѓе.

Advertisements

Доктор Сафјане Белчишта вели дека ова се случува како резултат на покачувањето на температурите, додека најпогодени се децата, постарите лица и лицата со слаб имунитет. Пациентите кои страдаат од алергии се изложени на ризик од синусни, респираторни и кардиоваскуларни заболувања додека во повеќето случаи доживуваат повраќање и дијареја.

„Тие се толку опасни што можат да влијаат на горните дишни патишта кај некои луѓе, може да се појави синус кој е хроничен. Имаме и акутна состојба што се јавува, но поминува за 10 дена ако земаат терапија. Друг проблем е што алергиите влијаат на долниот респираторен тракт, што се јавува како форма на астма или хронични респираторни заболувања што ја попречуваат размената на гасови што се одвива во белите дробови и оксигенацијата не може да се одвива во клетките на нашето тело“, рече Сафјане Белчишта, матичен лекар.

Најчести симптоми се кивање, солзење и чешање на очите и треска. Белчишта рече дека постојат неколку видови алергии, додека најчести се алергиите на полен и сончева светлина.

„Постојат различни алергии, имаме алергии на храна, алергии на полен, алергии на сончева светлина, сонцето е толку силно сега што прави голема разлика на кожата, додека некои луѓе може да доживеат црвенило на кожата и може да се појават некои опасни мозолчиња, а потоа можат да добијат инфекција за која повеќето луѓе не знаат, почнуваат да чешаат и да го гребат тој дел и тоа е како влез за бактерии во тие делови“, додаде Сафјане Белчишта, матичен лекар.

Лекарите апелираат за често миење на рацете, менување облека секој ден, а за какви било симптоми, пациентите треба да се обратат на лекар бидејќи последиците се сериозни./Алсат.мк

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button