ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пациентите со рак бараат трајни решенија со биолошка терапија и нејзино вклучување на позитивната листа

Пациентите со рак бараат трајни решенија со биолошка терапија и нејзино вклучување на позитивната листа

Клиниката за онкологија сè уште работи на новиот регистар за онколошки пациенти, а клиниката не одговорила кога тој ќе биде готов. Новиот регистар треба да ја документира потребната количина на терапија и на кој пациент му е потребна која терапија, за да може Фондот за здравство да обезбеди соодветна количина на терапија за пациентите со рак.

Advertisements

„Работиме на имплементација на нови функционалности со кои регистарот за онкологија како целина ќе биде поврзан со државниот регистар за рак кој го одржуваат и ажурираат Дирекцијата за е-здравство и Институтот за јавно здравје. Дополнително, клиниката работи и на три регистри за специфични локализации на тумори. Едниот е веќе функционален, додека другите два се во изработка“, велат од Клиника за онкологија.

Од Здружението на пациенти со рак велар дека новиот регистар би им го олеснило работењето на пациентите, но тие гледаат подобро и побрзо решение за некои лекови да се стават на позитивната листа, бидејќи бројот на пациенти со рак постојано се зголемува.

Двапати оваа година, пациентите со рак останаа без одредени биолошки терапии по еден месец, додека здравствените власти ветија дека недостигот на биолошки терапии нема да се повтори./Алсат.мк

Линда Ебиби

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button