ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Облачно со сончеви периоди – можна појава на ретки грмежи

Променливо облачно со сончеви периоди е прогнозата на времето за денешниот ден, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Advertisements

Во западните и јужните делови од земјата ќе има појава на повремен локален дожд и услови за ретки грмежи.

„Минималната температура ќе се движи од 6 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени“, информираат синоптичарите.

И во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, како и услови за слаб дожд.

Mаксималната температура ќе достигне 23 степени.

Утре и задутре се очекуваат ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button