ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Ограничена маржа за скоро сите производи ако трговците пак ги зголемат цените, најавува Дурмиши

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши најавува ограничување на маржите за речиси сите производи или зголемување на вредноста на ограничувањето на маржите доколку по завршувањето на владината мерка која трае до задутре Државниот пазарен инспекторат утврди девијантно однесување од страна на маркетите и енормно зголемување на цените.

Advertisements

Дурмиши денеска во одговор на новинарско прашање  повтори дека ограничувањето на маржите до 10 отсто дала резултати и се намалени цените на храната и пијалаците.  Предупреди дека ќе има поригорозни мерки доколку, како што рече, трговците не се однесуваат како што треба.

– Мерката завршува на крај на месецов, во среда, податоците од Државниот зваод за статистика покажуваат дека  дава резултати, односно во март имаме инфлација од 2,7 проценти, а споредено со февуари имаме дефлација за 1,3 проценти, во делот на храна и пијалаци намалени се цените. Истите информации покажуваат дека и овој месец цените во делот на храна и пијалаци  се намалени, така што оваа мерка дава  резултати. Со Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе бидеме на терен, ќе ги следиме цените ако има девијантно однесување од страна на маркетите или ако има енормо зголемување на цените нормално дека ќе одиме пак со нови мерки. Ако трговците не се однесуваат како што треба или пак ги зголемуваат цените ќе има поригорозни мерки од она што го имаме сега. Ако на пример сега се опфатени 102 групи на основни прехранбени и непрехранбени производи тоа значи деа ќе опфатиме уште повеќе групи – скоро се ќе ставиме со одлуката што ќе ја донесеме, ќе ги опфатиме скоро сите производи што ги имаат ланците маркети, со ограничување на маржите на сите тие производи или вредноста на ограничувањето на маржите ќе биде поголема, рече Дурмиши.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button