ВЕСТИРЕГИОН

Осми неуспешен обид за конституирање на Собранието на Косово

Пропадна и осмиот обид за конституирање на косовското собрание, бидејќи претседателот на оваа институција не беше избран на предлог на победничката партија на февруарските избори – Движењето Самоопределување.

Advertisements

Конститутивната седница започна на 15 април, но беше прекината по осми пат во вторник (29 април) поради несогласувања меѓу парламентарните партии во врска со третата точка на дневниот ред, а таа е изборот на претседател на Собранието.

Победничката партија на изборите, во овој случај – Движењето Самоопределување, има ексклузивно право да предложи кандидат за претседател на Собранието. Сепак, најголемите албански опозициски партии не го прифаќаат нивниот кандидат, Албулена Хаџиу, туку бараат да биде номиниран некој друг, што пак Самоопределување одбива да го стори.

Во вторник, Хаџиу доби 54 гласа „за“, додека на претходните седници имаше 57 гласа од пратениците.

Според деловникот на Собранието, конститутивната седница завршува со избор на претседател и потпретседател, а за да се избере претседател на Собранието, потребни се 61 глас од вкупно 120 пратеници.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button