ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пратениците од партиите на власт ја поддржуваат одлуката на Гаши да не се започнува постапка за разрешување на претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска

Пратениците од партиите на власт ја поддржуваат одлуката на Гаши да не се започнува постапка за разрешување на претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска

Пратениците на парламентарното мнозинство се на истата линија со претседателот на Собранието Африм Гаши, кој одлучи за момент да не покренува постапка за разрешување на претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска. Од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН велат дека треба да ѝ се даде време на Димитровска самата да поднесе оставка. Од Европскиот фронт не коментираат.

Advertisements

“Нормално треба да се чека, не можеме да прогласиме некого за виновен додека не е судено. Меѓутоа, има докази од обвинителството дека е вклучена… Ако има докази, тогаш секој треба да одговара пред правдата”, рече Саранда Имери Стафаи – ВЛЕН.

„Денес сме фокусирани на интерпелацијата на министерот Тошковски, но сигурно ќе останеме во контакт и ќе ги дадеме нашите ставови. Сепак, дали треба да биде разрешена или треба да поднесе оставка, како ја оценувате ситуацијата бидејќи има факти што… Верувам дека ќе ве информираме во иднина. Во моментот немате став? Ви благодарам!„, рече Арбана Пашоли.

Критики имаше само од “Левица”, кои обвинуваат дека се избираат партиски кадри.

Меѓутоа, молчат и од Антикорупциската комисија. До сега, членовите на оваа институција не побарале оставка од Димитровска, иако институцијата претрпе сериозни удари и се загрозува нејзиниот интегритет. Пред неколку дена, од Антикорупциската комисија најавија дека ќе ги почитуваат принципите на интегритет, транспарентност и владеење на правото, како и дека ќе продолжат да работат на независен и ефикасен начин. Од таму нагласуваат дека процедурите за утврдување на индивидуалната одговорност не го рушат институционалниот и колективниот ангажман. Актуелниот состав на Антикорупциската комисија, заедно со претседателката Димитровска, беше избран на 22 декември 2023 година, и тоа со поддршка и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button