ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Утре завшува мерката на Владата за ограничување на маржите

Утре завшува мерката на Владата за ограничување на маржите

По неколкумесечната владина мерка за ограничување на брутопрофитната маржа, таа завршува утре, но останува неизвесно дали нејзиното укинување ќе значи и нов бран на поскапување. Заменик министерот за економија Марјан Ристески уверува дека доколку продолжат цените повотрно да растат ќе следуваат нови мерки, но прво ќе чекаат да видат какви резултати дала мерката.

Advertisements

„ Меѓутоа крајните резултати ги чекаме наредната недела. Ако има потреба ќе продолжиме со мерка, ако нема потреба тогаш останува пазарната економија да ги регулира ценитте. Се надевам дека вклучени од минатото, сите оние учесниви во ланецот на трговија, се надевам ја научија лекцијата дека пред се треба да бидат граѓаните и заштитата на нивниот стандард“, рече Марјан Ристески – Заменик министер за Економија.

Економистот Бујамин Беља, вчера во интервју на Алсат,рече дека потребни се долгорочни мерки, бидејќи како што вели краткорочните мерки не даваат никаков резултат. Тој додава дека цените во државава се повисоки споредбено со европските земји.

„Над 70% од фамилијарниот буџет оди за јадење и пиење, каде останува делот на културата, рекреацијата, развојот, здравството, квалитетни услуги итн. Затоа, државата треба на овој начин…мерките да не бидат самово одредени временски периоди бидејќи знаеме дека е создадена култура од синџирот, од супер-маркетите коина разни начини некогаш банални, се создава конфузија кај потрошувачот кога е попустот и дали попустот е вистински бидејќи во магацините кога цената е ниска, чекаат да заврши количината, месецот со цел потоа даги покачат цените. Имаме парадокс, некои цени се многувисоки кај нас споредено со некои европски земји кадеплатите се многу високи. Особените цените на основнитепродукти“, рече Бујамин Беља – Економист.

Во однос на законот за маркетите да ги објавуваат цените на своите веб страни, Беља вели дека, не е работа да граѓаните да прават споредба каде е поевтино, а каде поскапо. Тој додава дека државата треба да има механизам за да се види колку се почитуваат овие закони или правилата кој ги поставува државата./Алсат.мк

Ангел Димовски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button