
Овен
Утрото почнува со чувство дека нешто ќе се случи. Возбудата ти чука во градите и те тера да се раздвижиш. Ќе запознаеш личност или ќе добиеш порака што ќе ти го насочи денот во поинаков правец. Не ги потценувај малите сигнали – универзумот денес ти шепоти.
Бик
Времето денес ќе тече споро, баш како што сакаш. Ќе се разбудиш со потреба за топлина, кафе од омилената шолја и нечија тивка близина. Некој ќе ти го разубави денот со нешто едноставно – гест, збор, поглед. Не заборавај да го вратиш тоа со исто толку нежност.
Близнаци
Денес ќе ти се јави стар познаник – можеби случајно, можеби со причина. Ќе се почувствуваш како да си вратен во некој убав момент од минатото. Не избегнувај го разговорот, макар бил тежок. Од таму може да дојде одговор што одамна го бараш.
Рак
Денешниот ден ќе те повлече во себе. Ќе почувствуваш потреба да се повлечеш од светот, да бидеш само со блиските – или со тишината. Има нешто лековито во денешната самотија. Ако ти се плаче – пушти. Ако ти се гушка – побарај.
Лав
Ќе заблескаш без да се трудиш. Ќе влезеш некаде и ќе ги почувствуваш погледите. Но не ти е само до тоа денес – ти треба искрен разговор, не само аплауз. Некој ќе се обиде да ти влезе под кожа – ќе одлучиш сама дали ќе го пуштиш.
Девица
Денес ќе осетиш како нешто се мести на свое место. Како да почнуваш да го разбираш патот, иако долго време си чекорела низ магла. Разговор со жена, постара или мудра, ќе ти донесе мир. Слушај повеќе отколку што зборуваш – ќе чуеш многу.
Вага
Денес може да завртиш нов круг. Не со сила – туку со природен тек на настаните. Ќе забележиш промена кај некој што мислеше дека никогаш нема да се смени. Ќе сфатиш дека ништо не е трајно – освен начинот на којшто гледаш на работите.
Скорпија
Ќе те обземе некое чувство што не можеш веднаш да го објасниш. Или копнеж, или предчувство. И ќе имаш потреба да го следиш, дури и ако не знаеш каде води. Немој да се бориш против интуицијата – денес ти е најдобар водич.
Стрелец
Денес е ден за мали патувања – не мора да се далечни, може и во глава. Разговор со некој инспиративен ќе ти отвори врата што одамна си ја држела затворена. Читај, истражувај, прашувај. Од таму ќе дојде следната искра.
Јарец
Ќе почувствуваш како некој конечно те гледа – не само на површина, туку длабоко. Тоа може да те вознемири, но и да ти донесе ослободување. Денес може да споделиш нешто што долго си го чувала. Ќе ти олесни.
Водолија
Нешто те влече кон промена. Можеби нова фризура, можеби нова одлука. Сакаш да се тргнеш од шаблонот и да дишеш послободно. Ќе добиеш поддршка од личност од која не очекуваш. Не се плаши да бидеш поинаква – во тоа е твојата сила.
Риби
Сонуваше нешто чудно ноќеска? Не го игнорирај. Денешниот ден ќе ти даде потврда дека тие слики од соништата не се случајни. Ќе осетиш поврзаност со нешто поголемо – било преку уметност, било преку нечиј поглед. Не барај смисла, само присуствувај.