КОШАРКАСПОРТ

Томица Главчев, нов предводник на „куќата на кошарката“?

Денешниот ден ќе ги донесе долго најавуваните промени во КФСМ, откако на Вонредно Собрание најпрвин ќе биде  изгласана недоверба на досегашнот претседател Перо Антиќ, за веднаш потоа да се премине на избор на негов наследник. Единствен кандидат за нов предводник на мак-баскетот ќе биде Томица Главчев, успешниот бизнисмен од Гевгелија кој долги години инвестира во македонската кошарка, а сега ќе добие шанса и како предводник на „куќата на кошарката“ да даде придонес за овој клуб

Advertisements

Согласно Статутот, беше поднесена иницијатива за недоверба на работата на Антиќ, со рок од 14 дена во кој актуелниот претседател требаше да свика Вонредно Собрание. Антиќ тоа на го стори, по што Иницијативниот Одбор на чело со Младен Ѓуроски го закажа собранието за 30 април во 16 часот.

Долго време токму Ѓуроски беше единствен кандидат за нов претседател, но ситуацијата се промени во изминатата седмица, по што Главчев излезе како апсолутенн фаворит во оваа трка. По ваквиот развој на настаните, успешниот бизнисмен ќе биде единствен кандидат за претседател, додека Младен Ѓуроски ќе остане да раководи со канцеларијата на КФСМ, најверојатно како Извршен директор./Ekipa.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button