ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Законот за сезонско работење наскоро на пленарна седница

Пратениците во Комисијата за економски прашања и труд за законот за работно ангажирање ги прифатија сите амандмани на власта и по еден амандман од Европскиот фронт и од СДСМ.

Advertisements

„Моменталниот предлог предвидува дополнително здравствено осигурување, на пример ако работи 10 дена да има 10 осигурување, а ако има прекин два дена здравствено осигурување може после пак продолжува и пак нема,  не се остварува целта со одбивање на оваа работа поради тоа што може 11 ден работникот да се повреди некаде па нема здравствено осигурување“, рече Сали Мурати, Европски фронт.

„Се брише алинејата каде што се предвидува обврската за плаќање на придонес во случај на невработеност со оглед дека овде не станува збор за работно ангажирање сметам дека и согласно законот за работните односи и плаќање во случај на осигурување не му е местото во овој член“, рече Јованка Тренчевска – СДСМ.

Со овој закон ќе може сите лица кои се или не се во работен однос, самовработени лица, помлади од 18 години кои согласно општите прописи од работните односи ги исполнуваат условите за засновање на работен однос, студенти корисници на семејна пензија по основ на неспособност за работа и самостоен живот, како и странец кој има регулиран престој, да можат да работат сезонски работи како земјоделство угостителство и туризам, без притоа да ги изгубат приходите кои ги добиваат од државата, како, пензија, стипендија, како и помош од државата.

Работниците ќе можат да работат сезонски работи кај еден работодавец до 60 дена или кај повеќе газди во текот на целата година но, да не бидат повеќе од 120 дена.

Со овој закон за  работниците кои досега работеле на диво ,газдите за нив ќе плаќаат минимални придонеси.

Имплементацијата на овој закон е шест месеци, што значи дека летната сезона веќе е пропуштена, но се очекува да биде тука овој закон во текот на зимската сезона.

Ангел Димовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button