Завршува владината мерка за ограничување на маржите

Денеска е последен ден до кога важи владината мерка за ограничување на маржите,а граѓаните велат дека не почувствувале значително намалување на цените. Тие стравуваат дека трговците повторно ќе ги покачат цените на производите.
„Викаат дека ќе ги намалиме, а всушност не ги намалуваат, колку време чекаме се уште не се намалени“…
„А не, не заштедувам, пензијата кога ја земав пред две години сега вредноста мислам дека и е намалена за една третина и повеќе.“…
„Ништо не можам да заштедам, 18,000 денари пензија на осум члена каде се видело ова. Се е поскапено, на Бит пазар 200 денари е пипер, доматот 150 ништо нема од оваа држава секој втор краде.“..
„Секој ден се качуваат цените, автоматски варираат, еднаш 200 лутите пиперки, еднаш 250, еднаш на купчиња, еднаш вавки, само поевтина е оваа травата, салати, некој кромидчиња и некој други работи“, реагираат граѓаните.
Од СДСМ велат дека владината мерка за намалување на цените на производи била неуспешна и дека граѓаните живеат полошо од било кога со најниски плати во регионот, а највисоки цени на производи.
СДСМ:
„Економската криза сè повеќе го погодува џебот на граѓаните, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не само што не успеа да ја стабилизира ситуацијата, туку ја влоши со низа неефикасни и задоцнети мерки. Наместо системско решение за спречување на ценовните шокови, добивме маркетиншки трикови и привремени потези кои немаат реален ефект. Граѓаните денес живеат полошо од било кога во последната деценија“.
Власта пак тврди дека мерката за ограничување на брутопрофитната маржа на 102групи производи дала резултат и граѓаните успеале да заштедат.Од таму највуваат дека следниот период ќе ги следат цените и ако повторно растат ќе следуваат нови мерки.
Во меѓувреме се очекува Владата да ја објави новата изготвена потрошувачка кошничка. Последната пресметка на Синдинкатите за Синдикалната минимална кошничка покажува дека вредноста на трошоците за живот за месец април споредбено со март бележат зголемување за 836 денари.
Ангел Димовски.