КОШАРКАСПОРТ

“Не знам дали ќе одам во пензија, немам одговор на тоа прашање”

Леброн Џејмс не го криеше разочарувањето откако ЛА Лејкерс загуби со 1-4 во серијата со Минесота и „езерџиите“ беа елиминирани во првата рунда од овосезонскиот плејоф.

Advertisements

Веднаш се постави прашањето, дали „кралот“ Џејмс летово ќе се пензионира, као се знае дека веќе одигра 22 сезони во НБА-лигата, уривајќи бројни рекорди. Тој има 40 години, се уште делува импресивно на теренот, но Џејмс е свесен дека му се ближи денот кога ќе треба да каже збогум на кошарката.

Сепак, тој не сакаше да говори премногу конкретно на оваа тема, инсистирајќи дека треба да размисли со ладна глава пред да ја донесе конечната одлука.

„Не знам дали ќе одам во пензија, немам одговор на тоа прашање. Морам да седнам со семејството, добро да поразговарам со сопругата, со луѓето кои се околу мене со години, па да видиме во кој правец ќе течат тие разговори. Морам и да поразговарам со самиот себе, околу тоа уште колку долго навистина сакам да играм кошарка. Искрено, во овој момент не постои вистински одговор на тоа прашање“, изјави Леброн Џејмс.

Леброн има загарантиран договор со кој следната сезона би имал загарантирани 52 милиони долари, но самиот Џејмс е тој што ќе ја донесе одлука, дали да ја активира сезоната 2025/26 или да замине во пензија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button