ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судир меѓу албанските партии по одлуката на Уставен за медресата Иса Бег

Судир меѓу албанските партии по одлуката на Уставен за медресата Иса Бег

Судири меѓу албанските партии по одлуката на Уставниот суд за укинување на одлуката на претходната Влада предводена од техничкиот премиер Талат Џафери, со која медресата Иса Бег доби статус на приватно средно училиште- гимназија. Според ВЛЕН, ДУИ ги измамила и си поиграла со чувствата на верниците лажејќи ги дека го решила проблемот, но всушност лажно ја акредитирале медресата Иса Бег.

Advertisements

„Одлуката на Уставниот суд за одземање на лажната акредитација на медресата Иса Бег е удар за сите оние кои беа измамени од празните ветувања на ДУИ и кооперативното молчење на ИВЗ. Денес излезе на виделина вистината дека медресата никогаш не било законски акредитирана и дека ДУИ ја користела само во кампањи, бидејќи го користи секој симбол, секое чувство, секоја потреба на Албанците за да ги измами. Работиме на решение преку кое ова прашање конечно ќе се затвори, еднаш засекогаш подалеку од манипулациите од минатото и поблиску до правдата што ја заслужуваат Албанците“ – ВЛЕН.

ДУИ вели дека одлуката е неуставна и претставува напад врз верските слободи во земјата.

„Демократската унија за интеграција остро ја осудува политичката и неуставна одлука на Уставниот суд со која се забранува Исламската верска заедница да организира средно образование, негирајќи им го на илјадници млади луѓе правото на образование и да градат иднина според нивните верувања и идентитет. Оваа одлука е директен напад врз верската слобода, врз достоинството на муслиманската заедница и врз правото кое беше освоено како исправка на историска неправда за време на владата предводена од ДУИ. ДУИ нема да молчи пред ова понижување“ – ДУИ.

Претходно, ИВЗ нагласи дека изразуваат загриженост и длабоко несогласување со одлуката на Уставниот суд, која, според нив, ја продолжува политиката на непочитување на Уставот и создава континуитет во механизмот на дискриминација кон учениците од медресата. На 26 март минатата година, привремената влада предводена од Џафери со помпезност објави дека го решила прашањето на учениците од медресатс кои не можеле да го продолжат своето високо образование на универзитетите во земјата, бидејќи статусот бил верско училиште. Владата донесе одлука со која на медресата Иса бег му се доделува статус на приватно средно училиште. Сепак, Уставниот суд утврдува дека всушност, Владата предводена од Џафери не нашла соодветно решение за учениците, бидејќи според нив, законот и Уставот се прекршени, бидејќи на верските заедници им е забрането да основаат граѓански средни училишта. Во исто време, религиозното организирање и дејствување е забрането во училиштата. Со ова, учениците се враќаат на позицијата на која биле претходно, имено со диплома од медресата Иса Бег не можат да продолжат со студиите на универзитетите во земјата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button