ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Бугарскиот вицепремиер негира дека Бугарија не сака да ја гради пругата од Коридорот 8

Бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт Гроздан Караџов ги отфрла тврдењата на неговиот македонски колега Александар Николоски дека Бугарија не презема ништо за железничкото поврзување меѓу двете држави на Коридорот 8.  – Го испративме договорот, а каде е Николоски да го потпише? Додека Николоски го зборува ова, возот помина низ Перник, низ Радомир и стигна до Ќустендил, а оттаму стигна до последната станица Ѓуешево за да го чека македонскиот, рече Караџов во интервју за телевизијата БНТ, пренесува БГНЕС.

Advertisements

Караџов посочува дека Бугарија проектира 90 проценти сосема нова линија помеѓу Радомир и Ѓуешево за да ги прошири кривините, овозможувајќи брзина на возовите од 160 километри на час.  – Во 2032 година, кога ќе достигнеме брзина на возот од 160 километри на час, ќе ги прашам од другата страна дали ќе има тунел или не, наведе Караџов, оценувајќи дека Николоски „раскажува македонски приказни за добра ноќ“.

Вицепремиерот Николоски во понеделникот  оцени дека е „очигледно дека Бугарија не сака да ја гради пругата“, информирајќи дека имаат испратено над 15 дописи до Бугарија на кои што немаат одговор од бугарска страна за изградбата на пругата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button