
Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, на средбата со новинарите изјави дека САД ја менуваат „методологијата за тоа како придонесуваат“ во разговорите и повеќе нема да „летаат околу светот при првиот повик за средби“, рече Брус.
Киев и Москва сега мора да излезат со „конкретни“ предлози за завршување на војната и да се состанат директно за решавање на конфликтот – додаде Брус.
„Ќе продолжиме да помагаме, но повеќе нема да летаме околу светот како посредници на состаноци“, изјави таа за новинарите.
– Сега сè е на двете страни. Дојде време тие да презентираат и развијат конкретни идеи за тоа како да се заврши овој конфликт. Од нив ќе зависи – додаде таа.
Брус притоа посочи дека Трамп „знае дека постои друг дел од светот, цела планета на која ѝ е потребно одредено внимание.“
Повлекувањето на Вашингтон од директно посредништво доаѓа по претходните предупредувања на САД дека ќе се повлече од преговорите доколку неговиот мировен предлог биде отфрлен и од Украина и од Русија.
Извор: Kyiv Independent