ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Манифестацијата „Тетовско културно лето“ го оневозможува одржувањето на „Ноќта на шампионите“ во бокс на плоштадот Илирија

Манифестацијата „Тетовско културно лето“ го оневозможува одржувањето на „Ноќта на шампионите“ во бокс на плоштадот Илирија

„Ноќта на шампионите“ во бокс е под ризик да не се одржи. Причината за тоа е недобивањето дозвола за користење на плоштадот ИЛИРИЈА за реализација на овој меѓународен турнир, бидејќи на датумот кој го побарале организаторите, ќе се одржуваат настаните од Тетовското културно лето. Организаторот на турнирот, Халим Абази, побара од градоначалникот на општината повторно да ја разгледа можноста за издавање дозвола, или, како што рече, во спротивно – и без дозвола од општината, ќе го постави рингот и ќе го реализира настанот.

Advertisements

„На 17 март поднесов барање за користење на плоштадот Илирија во Тетово, а на 23 април добив одлука од општина Тетово со која ми се одбива користењето на просторот. Јас не гледам никаква причина зошто ми одбиваат, кога турнирот ‘Ноќта на шампионите’ е една од најголемите манифестации што ги има Тетово и секогаш има над 3.000 или 4.000 гледачи. Да имавме сала што собира 3.000-4.000 луѓе, ќе го правев во сала, но ние имаме мали сали каде што ни 500 луѓе не собираат. Сакам од градоначалникот да го слушнам неговото мислење и да донесе поинаква одлука“, рече Халим Абази, организациски директор на „Ноќта на шампионите“.

Портпаролот на општина Тетово, на денешната прес-конференција, побара од организаторите на турнирот за реализација на оваа манифестација да ја искористат една од спортските сали во градот.

„Од 16 јули до 4 август, Општина Тетово на плоштадот Илирија има предвидено низа активности во рамки на ‘Тетовско културно лето’. Имаме и неколку барања за користење на плоштадот од различни клубови, но сите се одбиени со единствена цел – за време на оваа програма да се овозможи непречено организирање на летниот културен настан. Упатуваме апел тие активности да се одржат во некоја од спортските сали на средните училишта“, рече Албион Алили, портпарол на општина Тетово.

„Натпреварот ‘Ноќта на шампионите’ во Тетово се реализира од 2016 година, а досега на него учествувале боксерски имиња со светска ренома.“/Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button