ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Полицијата ги пронашла трите малолетни деца, кои биле пријавени како исчезнати од нивните родители ден претходно
Полицијата ги пронашла трите малолетни деца, кои биле пријавени како исчезнати од нивните родители ден претходно

Полицијата ги пронашла трите малолетни деца, кои биле пријавени како исчезнати од нивните родители ден претходно.
Министерството за внатрешни работи за Алсат соопшти дека децата се пронајдени на територијата на Скопско, но не откри други детали.
Ова се два одделни случаи во кои деца биле пријавени како исчезнати – 55-годишен татко пријавил во полициската станица Карпош околу 1 часот наутро на 1 мај дека неговото осумгодишно дете, кое имало здравствени проблеми, го напуштило домот.
Во друг случај, исто така на 1 мај, родители од Шуто Оризари пријавиле дека нивните малолетни ќерки, на возраст од 11 и 14 години, исчезнале. Трите деца биле пронајдени во утринските часови.