Законот за работно ангажирање на секонзки работници, предложен од власта, според Сојузот на синдикатите на Македонија е чекор назад
Законот за работно ангажирање на секонзки работници, предложен од власта, според Сојузот на синдикатите на Македонија е чекор назад

Законот за работно ангажирање на секонзки работници, предложен од власта, според Сојузот на синдикатите на Македонија е чекор назад. Вториот човек на Сојузот на синдикатите на Македонија Иван Пешевски, вели дека со овој закон работниците наместо да работат на неопределоно работно време, тие се обврзани со договор на дело и според нив ништо не е постигнато.
„Тоа значи дека секоја година, особено сезонските работници во трудоинтензивните дејности – угостителство, туризам, заминуваат со автобуси и се празнат цели села и градови. Ако сакаме да ги задржиме работниците во Македонија мора да разбереме дека им треба сигурна работа, договор на неопределено време, достоинствена плата и фер услови за работа“, рече Иван Пешевски, Сојуз на синдикати на Македонија.
Во однос за работниците кои работат со неисплатени додатоци, надоместоци, како и минат труд, според Пешевски треба да се донесе само еден закон за работни односи и почитување на општиот колективен договор.
„Верувам дека ќе се разбуди некое друго чувство и кај оваа Влада и кај работодавачите дека навистина треба да ги ценат работниците и плаќаат и ќе си остане на сила можеби и подобрен само законот за работни односи којшто и до денес и од утре треба да биде единствен закон како Устав на работниците и сите права и прашања и обврски треба да ги регулираме таму“, додаде Иван Пешевски, Сојуз на синдикати на Македонија.
Законот за сезонски работници, предивидува сите лица кои се или не се во работен однос, самовработени лица, помлади од 18 години кои согласно општите прописи од работните односи ги исполнуваат условите за засновање на работен однос како и странци кои имаат регулиран престој, да можат да работат сезонски работи како земјоделство угостителсво и туризам, без притоа да ги изгубат приходите кои ги добиваат од државата, како, пензија, стипендија, како и помош од државата./Алсат.мк