ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Фетаи: Дуи свесно ги измами граѓаните со одлуката за Медресата

Фетаи: Дуи свесно ги измами граѓаните со одлуката за Медресата

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи ги обвинува ДУИ и претседателот на партијата Али Ахмети за лажна загриженост во врска со одлуката на Уставниот суд за „Иса бег медреса“. Фетаи ја објави одлуката на Владата од 1 декември 2023 година со која предлогот на Министерството за образование Медресе Иса бег да се стекне со статус на приватна гимназија е отстранет од дневниот ред на владината седница, врз основа на мислењето на Владиниот Секретаријат за законодавство, во кое се наведува дека не постои законска можност ИВЗ да формира приватна гимназија во која ќе се организира и спроведува настава за средно образование .

Advertisements

Фетаи вели дека ДУИ ги измамила граѓаните само за да добие политички поени во изборната кампања кога иако била свесна за негативното мислење, на седница на 26 март 2024 година, Техничката влада на Талат Џафери ја одобрила одлуката на Министерството за образование

ДУИ пред неколку дена одлуката на Уставниот суд за укинување на владината одлука од времето на техничкиот премиер Талат Џафери за медресата Иса бег ја нарече скандалозна. Од Влен рекоа дека одлуката на Уставниот суд е доказ за манипулацијата на ДУИ што им ја направила на верниците дека наводно ја акредитирала Медресата а всушност, направила лажна акредитација која е незаконска и неуставна.

На 26 март минатата година, техничката влада предводена од Џафери објави дека го решила прашањето за медресантите кои не беа во можност да го продолжат своето високо образование на универзитетите во земјата, бидејќи статусот на Медресата бил верско училиште. Владата донесе одлука со која Медресата Иса-бег доби статус на приватно средно училиште. Сепак, Уставниот суд констатира дека всушност Владата предводена од Џафери не нашла соодветно решение за медресантите, зашто е прекршен законот и Уставот, бидејќи на верските заедници им е забрането да основаат граѓански средни училишта. Истовремено, во училиштата е забрането верско организирање и активности. Со ова, медресантите се враќаат на позицијата на која биле претходно, односно со диплома од медресата Иса бег, не можат да ги продолжат студиите на универзитетите во земјата./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button