ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се повеќе млади, факултет запишуваат во странство

Се повеќе млади, факултет запишуваат во странство

Расте интересот за студирање во странство. Најмногу во Словенија каде само минатата 2024 година се запишале повеќе од 1600 студенти, додека во 2023 година тој број изнесувал околу 1500. Професорите од универзитетите во земјава велат дека станува збор за тренд кој не ја одминува и Македонија. Словенските универзитети нудат бесплати студии за македонските студенти, а од неодамна бесплатни се и постдипломските студии.

Advertisements

„Станува збор за некој моментален тренд и помодарство кај младите. Во контакт со колеги од други држави не станува збор само за македонските студенти, тој тренд е широко распространет и низ други поразвиени западно-европски држави од нас и тренд е кај младите да одат и да студираат на страна со цел да добијат некоја диплома од другите универзитети но и дипломите кои ги добиваат и од Универзитетот Свети Кирил и Методиј се сосема добри сами по себе“, реле Биљана Ристаќоска Ширговска- асистент на Факултет за земјоделски науки и храна.

Сепак трендовите се повеќе од загрижувачки. Државата треба да понуди добра стратегија и план како да ги задржи младите да да студираат дома, во време, кога ниту еден македонски универзитет не е меѓу 1000 најдобри на Шангајската листа.

„Претходната година бројот на студенти и интересот за земјоделски факултет се зголеми кај средношколците и го покачивме малку бројот на студенти, но ако направиме компарација со минатото тој е многу намален.За разлика пред 20-30 години, неспоредливо е намален бројот на студенти. Порано ако тоа било една група, денеска се сите студенти на сите насоки“, рече Александра Силовска Николова-професорка.

Од државните универзитети велат дека последните години нудат програми кои им овозможуваат на студентите еден до два семестри да завршат надвор од државата.

„Мислам дека не заостануваме, бидејки и ние се трудиме да обезбедиме стипендии и можности за нивна работа, посткариерно советување и нашата алумни мрежа многу придонесува за сето тоа, што сметам дека со проектите кои сега ги имаме ќе имаме можност да ги задржиме повеќето млади“, рече Александар Карадимче-професор на Факултет за информатички науки-Охрид .

„Ако индустријата се подобри, што зависи од политиката на нашата држава, тогаш ќе се зголеми интересот и за студирање, дали на машински факултет, дали на електро факултет и другите факултети„, додаде Александар Ѓерасимовски-доцент на Машински факултет

Дел од младите се уште размислуваат дали да останат дома, или образованието да го продлжат надвор од државата.

„Планирам да останам тука со студирање. Јас сум одличен ученик, но четири години аплицирав но ниту една година не добив стипендија, а државен првак сум во мојата струка машински техничар, но не земав стипеднија“, рече Давид Бујароски- матурант.

„Размислуваат доста, но се трудам да ги убедам бидејки имаме доста можности„, додаде Христијан Несторовски-ученик во средно училиште.

„Јас магистрирав во странство во Италија и се вратив тука и сега работам на факултетот и се надевам дека придонесувам повеќе со моето искуство“, рече Дамјан Пециоски-асистент на Машински факултет.
Десеттина приватни и државни универзитети своите можности за студирање ги претставија на Саем за кариера и образование кој се одржа во Охрид./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button