ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дарко Аврамовски: Претседателката на Антикорупциската комисија треба да поднесе оставка, институцијата е компромитирана

Дарко Аврамовски: Претседателката на Антикорупциската комисија треба да поднесе оставка, институцијата е компромитирана

Чинот на недавање оставка од страна на претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, е неодговорен – во услови кога и се изречени мерки за безбедност како осомничена за издавање на тајни документи од Антикорупциската комисија на еден од осомничените во случајот „Адитив“. Ова го изјави Дарко Аврамовски за Алсат, извршен директор на „Коалицијата сите за фер судење“, кој вели дека презумпцијата на невиност треба да се почитува, но тоа не значи продолжување на мандатот во услови кога е нарушен угледот на функционерот или институцијата. Особено во околности кога судската постапка може да трае со години.

Advertisements

Сепак, според Аврамовски, институционалната реакција засега е загрижувачка, бидејќи нема конкретен и долгорочен план како ќе дејствува Татјана Димитровска во вакви околности и како ќе дејствуваат Антикорупциската комисија и Парламентот, кој ја избра.

По еднонеделен молк, Татјана Димитровска преку писмо се изјасни за неодамнешните настани во врска со нејзината вмешаност во истрагата на Обвинителството. Таа се изјасни дека и покрја повиците за оставка, таа нема намера да се повлече, бидејќи не се чувствува виновна во врска со наодите на Обвинителството дека како прв човек на Антикорупциската комисија, ставила на располагање тајни документи на еден од осомничените во случајот „Адитиви“. Според Димитровска, осомничениот за „Адитиви“ бил куќен пријател и комуникацијата меѓу нив била пријателска. Собранието има механизам за разрешување на Димитровска од функцијата, но претседателот Африм Гаши, поддржан од парламентарното мнозинство, се потпира на принципот на презумпција на невиност, односно секој е невин додека не се докаже спротивното преку судска постапка./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button