ВЕСТИСВЕТ

Трамп: Нема да ги укинам царините за Кина, за да го принудам Пекинг да седне на преговарачка маса

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да ги укине царините за Кина за да го принуди Пекинг да седне на преговарачка маса.

„Денеска рекоа дека сакаат да разговараат. Видете, Кина, и на мене не ми се допаѓа ова. Не сум среќен поради ова. Кина е целосно уништена. Нивните фабрики се затвораат. Нивната невработеност вртоглаво расте. Не сакам да ѝ го правам тоа на Кина сега. Во исто време, не сакам Кина да заработува стотици милијарди долари и да гради повеќе бродови, повеќе воени тенкови и повеќе авиони“, рече Трамп.

Advertisements

Тој навести дека може да ги намали царините за кинеските стоки во иднина, признавајќи дека сегашните стапки ја доведоа трговијата меѓу САД и Кина речиси до застој.

„Во еден момент ќе ги намалам бидејќи, во спротивно, никогаш не би можеле да соработуваме со нив, а тие навистина сакаат да соработуваат. Нивната економија е во колапс“, рече Трамп во телевизиско интервју за Ен-би-си њуз.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button