Законот за енергитика во второ читање во Собранието

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, во чии рамки ќе биде разгледан новиот Закон за енергетика, кој е во второ читање. Овој Предлог-закон е на дневен ред и на Законодавно-правната комисија.
Министерката за енергетика Сања Божиновска неодамна во разговор за МИА изјави дека овој закон е еден од најважните бидејќи во него се имплементирани сите европски директиви. Законот, како што посочи таа, е изработен со домашни капацитети, без странски консултанти.
– Таму првпат се регулираат батериите, односно складирањето на електрична енергија, се формираат граѓански заедници. Тука првпат почнува да се прави методологија за мерење енергетска сиромаштија. Со овој закон, МЕПСО ќе помине под Министерството за енергетика што е нормално и очекувано. Исто така има и за нафта, за гас. Има многу работи, станува збор за многу обемен закон со 317 членови, истакна Божиновска.