ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заврши средбата Мицкоски – Таравари, разговорите ќе продолжуваат

Заврши средбата Мицкоски - Таравари, разговорите ќе продолжуваат

Средбата помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, заврши нешто порано и траеше околу еден и пол час. Владини извори за Алсат велат дека средбата поминала во конструктивна атмосфера, а разговорите ќе продолжат. „Во текот на овој месец ќе биде позната иднината на функционирањето на Алијансата за Албанците на Таравари. Мицкоски на средбата ги потврдил ставовите што веќе јавно ги има искажано“, велат истите извори. Претходно во текот на денот, премиерот изјави дека Таравари има две опции – да остане во Владата заради реформи и промени или да се приклучи на оние што ја криминализираа државата две децении. „Трета опција не постои“, рече Мицкоски.

Advertisements

„Како личност, имам позитивно мислење за г. Таравари, но во политиката, зборот е нешто што или го држиш или не. Нема сиви зони. Јас мислам дека во неговиот случај барем три пати сум го докажал тоа и сум го одржал зборот, дури и кога партиското раководство имало дилеми. Затоа, игрите зад грб се игри што лесно се препознаваат и често им се враќаат на оние што ги играат“, рече Христијан Мицкоски, премиер.

„Јас гледам дека ВЛЕН како да се понижуваат и со сите сили сакаат да бидат во Владата. Ако тоа е условот, нам не ни пречи – нека продолжат, нека останат, но изгледаат лошо однадвор и оставаат многу лош впечаток. За нас тоа не е никаков проблем. Во моментот кога ќе одлучиме – или кога централното раководство на партијата ќе реши да соработува со ДУИ – ниту бараме да бидеме во Владата, ниту сакаме да бидеме дел од неа. Засега, централното раководство има само една одлука – да настапиме со сопствени листи за општински советници“, рече Арбен Таравари, претседател на Алијансата за Албанците.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button