
Фудбалерите на Интер, Лаутаро Мартинез и Бенџамин Павар, би можеле да бидат во конкуренција за реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Барселона. Аргентинецот и Французинот беа присутни на последниот тренинг на Интер пред натпреварот на „Џузепе Меаца“,, што дава надеж дека би можеле да бидат на теренот оваа сезона.
Мартинез се повреди на првото соочување со Барселона, а потоа не беше во составот за натпреварот против Верона во Серија А. Истото важи и за дефанзивецот Павар.
„Заедно со играчите и медицинскиот тим ќе донесеме одлука, како и секогаш, водени од она што е најдобро за Интер“, рече Инзаги.
Од таборот на миланскиот гигант се надеваат дека шансите Лаутаро и Павар да се најдат на теренот значително се зголемуваат. На првиот натпревар во Барселона, резултатот беше 3-3, што им дава еднакви шанси на двата тима да стигнат до финалето на Лигата на шампионите.