СВЕТ
Вработените во Ватикан се заколнаа на тајност пред конклавата

Членовите на персоналот кои ќе бидат присутни во Ватикан за време на конклавата положија заклетва за тајност во капелата Св. Павле, во Апостолската палата на Ватикан, објави денес „Ватикан њуз“.
Свештеници, хигиенски персонал, лекари и медицински сестри учествуваа на церемонијата на положување заклетва во понеделник.
„Ветувам и се колнам дека ќе почитувам апсолутна тајност со секој што не е дел од Колеџот на кардинални електори, и тоа засекогаш, освен ако не добијам посебна дозвола изрично дадена од новоизбраниот папа или неговите наследници, во врска со сè што директно или индиректно се однесува на гласањето и контролата на изборот на папата“, рекоа тие за време на положувањето заклетва.